Зад усните и под
образите се наоѓа усната празнина = cavum oris . Кавум
орис е поделен од забните редови на два дела : 1) надворешен дел , што
се наоѓа меѓу забите од една страна и образите со усните , тоа е преддворје
на усната празнина - vestibulum oris и --
- 2) вистинската (внатрешна) дупка на усната празнина
, внатре зад забите , каде што во мирна затворена уста лежи јазикот
= cavum oris proprium .
____Ако при мирно затворенауста ги рашириме
само усните и погледнеме во вестибулум орис , прво што ќе видиме се
забите = dentes ( заб = dens , оттука забар
= dentist ) .( Види сл.2 ) .

Забите се наредени
во израстоци од вилиците = processus alveolaris . Горната
вилица = maxilla , долната вилица = mandibula
.
------ Целата усна празнина е обложена
со лигавица , која околу забите е потврда , побледа , подебела
и неподвижна , а се вика gingiva propria , додека во другите
делови е потенка , помека , поцрвена , и подвижна , а се вика
mucosa oris .
Ивицата на гингивата околу забите се вика margo gingivae
. Ивицата на гингивата има меѓу забите мали испупченија што се викаат
papillae interdentales . = ( меѓузабни папки ) . Гингива проприа
во вестибулумот е 8-10 mm широка и нејзината граница спрема мукоза орис
оди брановите-паралелно со марго гингиве . (Види сл.2) Највисоките места
на вестибулум орис , каде што мукоза орис преминува од максилата кон
образите и усните се вика fornix vestibuli , а најдлабоките места
на вестибулумот ги викаме fundus vestibuli . Во форниксот и фундусот
лигавицата прави повеќе фалти или набори , што се викаат plicae
, од кои горната фалта во средината на лицето под усната се вика frenulum
labii superioris , а таа под долната усна се вика frenulum labii
inferioris . Другите фалти од страните во вестибулумот ги викаме
plicae gingivobucales . Нормално имаме осум вакви фалти по две
на секоја страна горе и долу , од нив едната стои понапред , другата
поназад . Наименованијата на наборите на лигавицата , спрема местото
каде се наоѓаат : горни = superius , долни = inferius
, предни = anterius и задни = posterius , десен = dexter
, лев = sinister . На пример : gingivobuccalis superior
anterior dextra . Значи : предниот горни набор на лигавицата под
десниот образ . Во вестибулумот на долната вилица кај врвовите од корењата
на четвртиот и петтиот заб се наоѓа еден отвор во коската на долната
вилица што се вика foramen mentale = (отвор на брадата) , кој
е важен , макар што тој нормално не се гледа , бидејќи е покриен од
лигавицата .
Анатомија
на cavum oris proprium - горни дел
Анатомија
на cavum oris proprium - долни дел