Слика 3
Во горниот дел на
cavum oris proprium се наоѓа непцето = palatum
. Непцето во предниот дел е тврдо и се вика palatum durum = (
тврдо непце ) , додека кон грлото тоа е меко = palatum molle
- ( меко непце ) . Задниот крај на мекото непце е силно подвижен и се
вика vellum palatum , што значи едро на непцето . Границата
меѓу тврдото и мекото непце се вика "aha" линија ,
затоа што ако се гледа во отворена уста на пациентот и тој изговори
“аха“ , тогаш јасно се одбележува таа граница . Бегде во средината на
таа граница се наоѓаат во лигавицата две мали вдлабнатинки што
се викаат foveolla palatina . Кога се сите заби извадени тогаш
на тоа место израстокот на вилицата што се вика processus alveolaris
јасно се гледа , дека тој има форма на поткова . Краевите на процесус
алвеоларис се прилично надебелени - изразени и обата заедно се викаат
tuberositas maxillaria , а само едниот - tuber maxillae
. Највисоките точки на прецесус алвеоларис прават исто така една извиена
линија која се вика алвеоларен гребен . Во средината на процесус
алвеоларис напред малку зад алвеоларниот гребен се наоѓа едно доста
силно испупчение на гингивата , што се вика papilla incisiva
. Под папила инцизива во коската на вилицата има отвор = Foramen
incisivum . Од папила инцизива кон назад низ средината на непцето
скоро до аха-линијата оди едно продолжено слабо испупчение ,
тоа е таму каде што се соединуваат левата и десната максила , се вика
raphe palatina . Ако е еден дел од рафе палатина силно изразен
, тогаш тоа посилно испупчение се вика torus palatinus . Од двете
страни на рафе палатина во предниот дел на тврдото непце се наоѓаат
по неколку неправилни набори на лигавицата што се викаат rugae palatinae
. Во задниот дел на тврдото непце блиску до туберозитас максиларија
, покриени од лигавицата , во коската се наоѓа по еден отвор , што се
вика foramen palatinus majus . На ивицата на велум палатинум
во средината виси ресицата = uvula . Двете големи фалти зад тубероситас
максиларија , што одат од горниот кон долниот процесус алвеоларис се
вика plica pterygo-mandibularis . Од средината на велум палатинум
, т.е. од увулата кон двете страни на долната вилица , на границата
меѓу усната празнина и грлото , одат по два лака кон лево и кон десно
, што се викаат arcus palatoglossus ( лак од непцето кон јазикот
) и arcus palatopharingeus ( лак од непцето кон грлото ) . Меѓу
овие лакови близу до коренот на јазикот се наоѓаат крајниците ( мигдалите
) = tonsilla palatina . Стеснетиот отвор што се наоѓа на
границата меѓу усната празнина и грлото се вика istmus faucium
. Значи , усната празнина започнува од рима орис и оди до истмус фауциум
.
Анатомија
на cavum oris proprium - долни дел