Слика 4
Во среде долу во
усната празнина се наоѓа јазикот = lingua . На самиот
јазик разликуваме : близу до истмус фауциум корен на јазикот
= radix linguae , а потоа имаме грб на јазикот = dorsum
linguae , врв на јазикот = apex linguae , рабови
на јазикот = margo linguae и подјазичната фалта =
frenulum linguae . Околу јазикот се наоѓа долната вилица
= mandibula , на која ако е без заби , јасно се гледа processus
alvelaris со неговиот алвеоларен гребен . На краевите од
процесус алвеоларис се наоѓа по едно надебелено место , што се вика
tuberculum mandibulae . Оттука кон среде напред на коската на
вилицата може да се напипаат две искривени линии : една надворешна
= linea obliqua externa и внатрешната = linea obliqua
interna или linea mylohyoidea . Меѓу јазикот и долната вилица
под лигавицата се наоѓаат подјазичните плункини жлезди , чии канали
се одбележуваат како plica sublingualis , а самите отвори на
каналите = caruncula sublingualis . Под предниот дел на самиот
јазик се наоѓаат извесни ресички што ги викаме plica fibriata
. Меѓу туберкулум мандибуле и плика птеригомандибуларис се наоѓа една
вдлабнатина , што се вика fovea retromolaris , која некои
погрешно ја викаат trigonum retromolare . Форамен ментале , Форамен
палатинус мајус и Форамен инцизивум се важни затоа што тука излегуваат
нерви и крвни садови .
Анатомија
на cavum oris proprium - горни дел