Во својот живот
човекот има два вида природни заби : млечни и вечни .
Млечни
заби = dentes decidui ( прва дентиција )
Млечни заби се викаат
затоа што тие израснуваат уште дури детето цица млеко . Млечните заби
започнуваат да израснуваат кај децата од шестиот месец по раѓањето ,
постепено натаму горе-долу во секој месец по еден нов заб , така што
кон крајот на втората година се израснати сите млечни заби .
Човекот има 20 млечни заби и тоа :
8 секачи = dentes incisivi ( изникнуваат од VI до XIV месец )
4 кучешки = dentes canini ( изникнуваат околу XVIII месец ) и
8 катници = dentes molares ( изникнуваат меѓу XVI и XXII месец
)
Осумте инцизиви
се наредени напред четири во горната , а четири во долната вилица и
тоа : два лево , два десно , така што во средето стои првиот инцизив
, а до него од страна вториот инцизив .
Четирите кучешки заби стојат од сите четири страни до вторите секачи
, а зад канините се наредени млечните молари , при кои пак разликуваме
прв и втор млечни молар . ( види слика 5 )
Вечни
заби - ( стални или трајни заби ) = dentes permanentes ( втора дентиција
) .
Во шестата година
од животот детето добива во секоја вилица за млечните молари уште по
еден катник . Тоа е шестиот заб сметан по ред од среде према внатре
назад . Тоа е првиот вечен заб - првиот вечен катник .
Од седмата до дванаесеттата година се сменуваат сите млечни заби со
вечни и тоа скоро по оној ред , по кој изникнувале млечните заби .
Потоа во четиринаесеттата година изникнуваат вторите вечни катници ,
а после шеснаесеттата година израснуваат последните вечни заби - третите
катници - умниците = dentes sapientes ( dens sapiens =
умник ) .
Човекот има вкупно
32 вечни заби и тоа :
8 секачи ( исто како и при млечните заби )
4 кучешки ( исто како и при млечните заби )
8 преткатници = dentes praemolares ( разликуваме прв и втор премолар
)
12 катници ( слично како и при млечните , само тука имаме и трет молар
) . (Види слика 6)
Забелешка : Млечни премолари не постојат .