______
Од сето она што го рековме досега , јасно се гледа дека на секој заб
во устата на човекот ние можеме со некоку зборови да го определиме неговото
точно име . На пример : горни десен прв инцизив , долни лев кучешки
заб , горни лев втор премолар , долни десен прв млечен катник , горни
лев млечен канинус , долни десен трет молар , што значи долни десен
умник итн, итн .
______ Од горното се гледа дека кога се
кажуваат имињата на забите , без да се рече млечен заб , секогаш се
мисли само на вечните заби . Ако сакаме да го именуваме некој млечен
заб , мораме , покрај другите зборови да речеме и “млечен “ .
На пример : Ако речеме горни десен кучешки , ние мислиме само
на вечен заб , а ако е тој заб млечен , ние мораме да речеме горни
десен кучешки млечен заб . Овие имиња обично се употребуваат само
во разговор , додека за пишување тие се мошне незгодни , бидејќи за
секој заб треба да напишеме по три-четири збора . Затоа постојат разни
начини по кои може скратено , лесно , згодно и точно да се одбележи
името на секој одделен заб со некој специјален знак . Така за да работата
биде попроста , пред се се избегнуваат зборовите инцизив , канин , премолар
и молар , а за сите заби еднакво се определува по еден број , што се
одбележува со една шифра , сметајќи ги забите од среде напред спрема
внатре назад . И така имаме : први (1) , втори (2) , трети (3) , четврти
(4) , петти (5) , шести (6) , седми (7) и осми (8) . Значи осмиот заб
(8) е третиот катник , а тоа е умникот .
_____ Освем тоа кога ги именуваме забите
со зборови , треба да ни влезе во навика , секогаш со првиот збор да
се определи од која вилица е забот : горни - долни , со вториот
збор да сепокаже на која страна се наоѓа забот : лев - десен ,
а со третиот збор се покажува бројот (цифрата) што означува кој заб
по ред во вилицата е тој , и на крајот , евентуално со еден четврти
збор “млечен“ се дополнува , како што се спомена погоре . На
пример : горни лев трети , долни десен петти млечен , горни десен
седми итн .
Забелешка : Овде морам да напоменам една мошне лоша навика при повеќе
колеги , што кога сакаат да ги именуваат забите , го изговараат името
на една цифра : горна двојка , долна четворка итн , а при тоа
мислат на горни втори или долни четврти заб . Зборовите
двојка или четворка се имиња на цифрите 2 и 4 кога се
тие напишани . Забите кај човекот не се цифри , туку секој од нив е
определен со еден реден број . Инаку исто би било , кога еден
ученик сака да каже дека е тој по успех прв во класот , и рече : “ Јас
сум по успех единица во класот “ .
Еден од начините за одбележување на забите се состои во тоа што со една
хоризонтална линија се разделува горната од долната вилица . Со друга
вертикална линија се делат левата од десната страна и во квадрантите
со цифри се одбележуваат редните броеви на забите . За вечните заби
употребуваме арапски , а за млечните римски цифри . На пример :
Шема
за одбележување на вечните заби :
Млечни
заби :