Лицето на латински
се вика facies . На лицето околу устата = or ,ние разликуваме
:нос= nasum , образи = bucca и брада = mentum .
На носот ние имаме : корен на носот = radix nasi , грб на носот
= dorsum nasi , крилца на носот = alla nasi и отвори на
носот = nares . Горната усна се вика labium superius ,
а долната = labium inferius . Испупчението во средината на горната
усна се вика tuberculum labii superioris ; аглите на устата се
викаат anguli oris . Имаме десен агол = angulus dexter и
лев = angulus sinister , или спојници на усните = commissurae
labiorum, и тоа пак десна и лева = dextra et sinistra . Отворот
на устата се вика rima oris . Вдлабнатината во средината меѓу
носот и устата се вика philtrum . Браздите од страните на носот
кон устата се викаат sulcus nasolabialis dexter et sinister ,
и браздата меѓу устата и брадата се вика sulcus mentolabialis
.
Анатомија
на усната празнина