Општа Протеза
е на вештачки начин изработен и наместен еден орган , или дел од орган
на човечкото тело , а потекло води од старогрчкиот збор "Prostetis"
што значи - вештачка наставка . Разликуваме разни протези .На пример
: вештачки раце , нозе , очи , заби итн. Дури и една мала пломба на
заб може да се смета како протеза , затоа што таа е на вештачки начин
направена и го заменува оној дел од забот што од болеста caries
бил изгниен , а забот е еден орган на човечкото тело . Оваа мала протеза
, пломбата на забот , 100% го заменува загубениот дел на органот . Но
не сите протези ги заменуваат загубените органи 100% . Некои протези
повеќе , други помалку успешно му служат на човекот .
Тоа многу зависи
од способностите на стручњаците што ги изработуваат и надоместуваат
протезите .Затоа како забарот така и забниот техничар треба сестрано
да бидат оспособени и теоретски и практички , за да можат успешно да
одговорат на задачите што се поставуваат пред нив .
Обично во народот
под забна протеза се подразбира една вештачки изработена и наместена
во устата подвижна плоча , на која се наредени вештачки заби , позната
и под името вештачка вилица .
Забните протези
од секаков вид нарочно треба да одговараат на сите анатомски , физиолошки
, биолошки , фонетски , козметички и функционални услови . Со други
зборови , вештачките заби треба да не се разликуваат од природните заби
, да ги надоместуваат 100 % загубените заби , да ги претпазуваат од
расипување преостанатите природни заби , пациентот да ги чуствува во
устата протезите како свои природни заби , да не му пречат на зборувањето
и да може со нив сосем слободно да се служи , што значи убаво да се
храни .
Заботехничката работа
се состои главно во изработка на :
1. Пломби
2. Коронки
3. Мостови
4. Протези
5. Шини
6. Ортодонтски апарати и
7. Вилично-лицеви делови
За горните работи
нужно е забарот и заботехничарот да бидат предходно добро запознати
со сето анатомско и друго теоретско знаење .