Увод

Медицината е наука за изучување и лечење на болестите кај човекот . Името МЕДИЦИНА доаѓа од латинскиот збор MEDICUS - што значи лекар .
Медицината се дели на многу гранки , бидеј
ќи има разни болести на поедините органи на човечкото тело .Секоја гранка на медицината си има свое одделно име .Така разликуваме : интерна медицина, хирургија, гинекологија , стоматологија , одонтологија и.т.н.
Стоматологијата , од старогрчките зборови stoma=уста , logos=збор-расправа и logia=како завршница на сложените зборови означува наука , која како гранка од општата медицина , е наука за лечење на болестите на устата .
Одонтологијата ( од старогрчките зборови odons и odontos - што значи заб ) е наука за болестите на забите .
Според тоа , општото заболекарство би можело да се нарече стомато-одонтологија и би значело наука за болестите на устата и забите , но бидејќи овој израз е многу долг и незгоден , кај нас некако е општопримен изразот забарство . Така со овој кус збор забарство е опфатен еден многу широк поим .
Заболекарството , како гранка на општата медицина , од своја страна се дели на пет главни групи и тоа :
1 . Конзервативно заболекарство
2 . Забна и челусна хирургија
3 . Забна протетика и заботехника
4 . Ортодонција и
5 . Превентивно заболекарство

Конзервативното заболекарство се занимава со лечењето на болестите на устата и на забите , и тоа без отстранување на заболените места од устата надвор .
Забната и челусната хирургија не учи како се вадат заби и како се прават разни операции на вилиците и во устата . Значи , лекување со отстранување на заболени органи или нивни делови .
Ортодонцијата е наука која не учи како можат да се исправат криво израснати заби и вилици .Модерно таа се вика челусна ортопедија .
Превентивното или профилактичкото заболекарство е релативно млада наука .Таа не учи како се спречува појавата и развојот на заните болести .
Забната протетика е наука која не учи како се наместуваат вештачки заби во устата на пациентот . Пациент - значи човек што трпи болки = болен човек .
Заботехниката е наука која не учи како се изработуваат вештачките заби во заботехничките лаборатории .
Забната протетика и заботехниката се тесно сврзани една со друга , преминуваат една во друга , меѓусебно се дополнуваат и една без друга не можат .
Оној забар што се занимава главно со наместување на вештачките заби во устата на пациентот се вика забен протетичар или , скратено , протетичар . А оној забоздравствен работник што ги изработува вештачките заби во заботехничката лабораторија се вика забен техничар или , скратено , заботехник .
Главниот помошник на забарот во забната амбуланта се вика забен асистент , или , подобро , заболекарски помошник .
Под забарство општо се подразбира не само наука стомато-одонтологија , туку и луѓето што се занимаваат со лекување на усните и забните болести , нивната стручна работа , како и уредите , инструментариумот и материјалите со кои тие работат .
Под забоздравствени работници потпаѓат : забните лекари , забарите , заболекарските помошници , забните техничари и забните асистенти . Сите тие работат во забни амбуланти , забни ординации и заботехнички лаборатории . А под забоздравство ние подразбираме нешто уште пошироко , затоа што тука потпаѓаат освем горенаброените забоздравствени работници уште и некои управни органи , професори , наставници и учители во разните забарски школи , како и студентите и учениците од тие школи . Тоа е една голема социјална служба .
За да се извршат успешно сите работи во забоздравството , неопходно е потребна тесна соработка меѓу сите забоздравствени работници . Особено тоа важи за односите меѓу забарот и забниот техничар . И едниот и другиот треба да бидат усовршени во својот делокруг , тие треба барем теоретски добро да ја познаваат и целокупната работа на својот соработник .

<<предходна страница << - >> следна страница >>