Орални Манифестации на СИДА

автор: Бобан Фиданоски
публиковано во : “Дентиција“
1999 година
Во последниве две декади сме сведоци на развој на неколку “нови заболуваъа“ .
СИДА (AIDS -Acquired Immune Defficency Syndrome ) е една од тие болести која продуцира големи потреси во историјата на човечанството во текот на 20-тиот век. Не само физички , таа во иста мера предизвика и психолошки и меѓуучовечки потреси .
Набргу после идентификацијата на СИДА како нова болест , Стоматолозите станаат активни и доста важни учествувачи во дијагнозата и третманот на оралните компликации на оваа имуно-дефициентна состојба.Многу научни трудови беа публиковани за оралните и периоралните компликации на СИДА, исто како и за стоматолошката партиципација во лекуваъето на ХИВ позитивните и СИДА болните . На почетокот на епидемијата имаше многу грижи за тоа како и кога да се лекуваат пациентите , но сега – после повеке од 18 години од почетното препознаваъе на болеста , јавноста , исто како и медицинските и стоматолошките професионалци радикално го сменија односот кон оваа болест . Овие промени се должат не само на новодобиените информации за причинителот на болеста туку и од информациите за компликациите и многуте опуртунистички инфекции кои ги напажаат пациентите кои имаат СИДА .

Опасноста стоматолошките професионалци да се заразат – се уште постои , но мерките за заштите се повеье се усовршуваат , како и едукацијата за оваа област е се повеье екстендирана , така да шансата да се добие СИДА , иако се уште ја има , се повеье и повеье се намалува . Дел од превентивните процедури се базираат на адекватното знаеъе и на познаваъето на клиничките интра- и пери- орални манифестации на оваа болест . Во контекст на сите предходни публикации , целта на оваа презентација е да се подобри и да се реафирмира дијагностичката способност на Стоматологот кај многуте орални манифестации на СИДА .

Prva stranica-page one
Vtora stranica - page two
Двете страници скенирани од “Дентиција“ Магазинот

 

Класификација на најчестите Орални Манифестации на СИДА

Бактериски инфекции

1. Гингиво-Периодонтални болести
- Линеарна Гингивална Еритема -
- Некротизирачки Улцеративен Периодонтит -
- Некротизирачки Стоматит -

Габични Инфекции


1. Кандидијази

- Псеудомембранозна -
- Хиперпластична -
- Еритематозна -
- Ангуларен Хеилитис -

 
Вирусни Инфекции


1. Epstein-Barr Virus
- Leukoplakia
2. Herpes Simplex Virus
- Примарен Херпетичен Гингиво-Стоматитис
- Рекурентна Херпетична инфекција
3. Variacella-Zoster Virus
- Herpes zoster
4. Human Pailloma Virus
- Condyloma accuminatum
- Мултифокална Епителијална Хиперплазија
5. Cytomegalovirus

Неоплазми
1. Kaposi's sarcoma
2. Lymphoma
3. Други неоплазми

Други Орални Лезии

1. Голем Афтозен Улцер
2. Мал Афтозен Улцер
3. Зголемуваъе на плунковите жлезди

Четврток , 27 Јануари ,1999

Голема Благодарност на Dr. Heddie O. Sedano, DDS

 

Dr. Boban Fidanoski

© November,1999