Отстапувања во Стоматологијата

 

автор : Бобан Фиданоски
публиковано во “Дентиција“
1999 година

Морални, Етички и Стручни аспекти - Постојат многу книги во кои се опишува правилното работење во Стоматологијата. Стоматолошките автори трубат на сите страни дека во стоматолошката пракса требало дас е внимава на утврдените правила и прописи. Но, правилата се за да се скршат, и тие во клиничката практика се кршат, тие прекршоци во ниедна книга не се опишани. Кога правилото ќе се прекрши и ако тој прекршок повеќе пати сеповтори, прекршокот станува правило. Стоматологијата е динамична наука и веќе денес можеме да зборуваме за многу отстапки кои станале правила, а кои во ниту една “нова“ книга ги нема. Моето 4 годишно работно искуство како забен техничар ме натера да сфатам дека постои голема разлика меѓу теоријата која ја предаваат нашите професори и вистинската клиничка практика, посебно во приватниот сектор. Многумина од Вас на текстот бурно ќе реагирате, велејќи дека тоа не може така да биде. Но, ќе Ве молам, сфатете дека сево ова се факти и вистина која се спроведува секојдневно во ординациите.

Етика и морал на лекарот. Сите се залагаат дека лекарот треба да биде високо етична и морална личност во текот на 24 часа, и коа е на работа и во слободното време. Во практика се судруваме со разочарувачка состојба во која лекарите не внимаваат на етиката и моралот во текот на 7 часовното работење, а камо ли во останатиот дел од денот. Редефинирање на таканаречената “саатнина“ кога лекарот треба да биде етичен и морален е екстремно потребна.Треба да се одвои приватниот од професионалниот дел на секоја личност. Ние сме лекари само додека сме во ординација, а потоа на нас ни останува изборот што сакаме да бидеме во нашето слободно време, тоа е наш приватен живот и никој не треба да ни кажува какви треба да сме. Ако сакаме може и платени убијци да сме во слободното време, нокога ќе дојдеме во ординација треба дас е однесуваме према највисоките етички и морални правила и прописи. Овој етички и морален однос е составен од два сегмента, однос кон пациентите и однос кон самите колеги. Мора да се назначи дека етичкиот и моралниот на највисок можен степен треба да се практикува само кон пациентите.А кон колегите?? Па, не треба да се залажуваме и да бараме нешто што практички е невосможно. Колегите лекари меѓу себе си се конкуренција и поради пазарните услови на работење, а секако и поради менталитетот на ова поднебје не сме во можност да бараме фер однос меѓу колегите.Ако се јави овој фер однос, тоа е плус за самата лекарска заедница, голем напредок. Значи потребно еда сите си бидеме искрени сами со себе и да не се залажуваме себе си и светот за некакви си етички и морални односи меѓу колегите. Секој секого сака да го уништи на сопствена корист и тоа треба да се прифати како негативна но реална нужност против која тешко е да се бориме. Затоа аспектот на етиката и моралот треба на почеток да се фокусира во односот кон пациентите, а не во односот меѓу колегите, овој вториов подоцна би бил тема на разгледување. Од кога ќе се исполни минималниот квантум на етичен и морален однос кон пациентите, дури тогаш ќе може да почнеме со борба за подобри односи меѓу колегите. Мора уште еднаш да се потенцира дека етичкиот и моралниот однос кон пациентите треба да се бара само во текот на работното време, а не потоа. Сепак секое суштество, па и лекарите, си има право на личен живот.

Текстот публикуван во “Дентиција“

А кој е тој етички и морален однос кон пациентите кој треба да се остари?

1. Тоа што ќесе вети на пациентот, треба да се оствари. Ниту еден пациент не знае какви стоматолошки закони има во книгите, за него зборот на лекарот е закон. Дадениот збор треба да се воздигне како највисока морална обврска на лекарот.
2. Од зборови на дела. Тоа што паиентот го сака, треба да го добие, колку и да се косело со сите стоматолошко-научни правила, но сепак треба да му се објасни дека изработката е против научната логика и дека заради тоа може во иднина да има проблеми со забите. Ова го потенцирам од причина што сите ние треба да сфатиме дека ние сме поради пациентот, а не тој поради нас. Стоматологијата е наука, но сепак таа е и занает, а намногу од се и Шоу бизнис !!! Стоматологијата и Протетиката како нејзин дел ги гледам како сублимат на наука, занает и шоу бизнис.Наука? После 6 години учење на факултет, дефинитивно сме сфатиле дека Стоматологијата е наука. Занает? Да. Секој занает се краде, не се научува, па така и Стоматологијата ако не ја украдете од некој присутен колега, ќе пропаднете. Занаетот се учи со извежбување на Вашата рака, исто како и кај Стоматологијата. Занаетот се пренесува од колено на колено, а има ли некој залутан на Стоматолошкиот факултет кој не е мамино или татино докторско дете?

И на крај.....Стоматологијата е шоу бизнис !?!?! Како ?? Па, пациентот, освем тоа што гледа забите да му се убави, бели, сјајни и....тој гледа и да ли: -ординацијата има сестра ( оп, значи докторот има пари да плати уште еден вработен )....-сестрата да се секогаш убава, дотерана, насмеана, и да знае убаво да свари кафе. - да има клима уред, телевизор, систем со тивка музика, кожни фотељи, да има нови списанија....Ако го иам сето ова, пациентот ќе биде уште позадоволен. Сепак сите знаеме низ каква тортура пациентите поминуваат во државнотот здравство па кога ќе дојде на приватен лекар, пациентот бара и малку театар за парите кои ги плаќа.

Отстапувања во Стоматолошката Протетика. Стоматолошките научни правила и прописи не треба круто да се следат и почитуваат, туку во зависност од желбите напациентот треба да се импровизираат и да се прилагодуваат на новонастанатите ситуации. Кој прагматично ќе се придржува на стоматолошките научни принципи,ќе пропадне. Всушност тоа и се случи во минатото со диносаурусите.

- Не можете да му кажете НЕ на пациентот ако сака коронки целосно покриени со Isosit во пределот на фронтот, само затоа што стоматолошките научни автори рекле дека во фронталната регија леге артис се прават коронки само фасетирани од лабијално.
- Не можете да му кажете НЕ на пациентот кога бара коронка цела од злато без исосит на горната единица, само затоа што тоа не ги задоволувало естетските правила поставени од стоматолошките научници.Пациентот плаќа за тоа, мисли дека е естетска таа изработка и Вие треба тоа да го почитувате.
- Не можете да му кажете НЕ на пациентот ако бара телото на мостот во латералната регија да биде седласто за да има чуство на “цел заб“, само затоа што научните автори рекле дека треба дас е внимава на хигиената. Пациентот е предупреден за тоа, но тој едноставно сака естетика на сметка на хигиена, и тоа за Вас е закон.
- Не можете да му кажете НЕ на пациентот ако бара мост на пародонтопатични заби, иако сте го предупредиле дека тој мост нема да издржи долго. Пациентот едноставно сака мост да носи додека може и воопшто во моментот не е спремен да носи парцијална протеза. Научните правила тика не постојат.

author: Dr. Boban Fidanoski, DMD

© November,1999- Copyright - Text
by B.Fidanoski- Skopje, Macedonia