Историја на Скопје

СКОПЈЕ , или како што на почетокот се нарекувал -СКУПИ-
е формирано во времето на римскиот Император Октавијан Август ( 13 - 11 година п.н.е. ) .Се развил од логор ( castrum ) на двете Македонски легии ( 5-та Македонска и 4-та Скитска ) кои му служеле на Рим. Скупи бил дел од провинцијата МЕЗИЈА , дел од областа ДАРДАНИЈА .

Името СКУПИ ( колиба, засолниште, стреа ) за прв пат се појавува кај племето Пеонци. Скупи-“населба на див народ“, а Дарданците биле “Алчни и сурови непријатели
на Македонија и на другиот дел од античкиот све .

694/95 година после Христа - Словенското племе БРСЈАЦИ го завзема Скупи и му го дава името - СКОПЈЕ

Скопје станува дел од Првата Славо-Македонска Држава на Цар Самоил од 976 до 1014 година .

1346 година - Српскиот цар Душан е крунисан во Скопје кое станува главен град на неговото царство.

1392 година - Скопје е освоено од Отоманската Империја и станува УСКУП .

1555 година - Голем земјотрес во Скопје


25 Октомври 1689 година - Скопје е освоено од Австро-Унгарскиот генерал Пиколомини , кој потоа го запалил. Причина - чума, од која и самиот генерал после неколку дена заболел и умрел во Скопје.

1869 година - На Камениот мост бил наденат на кол и фрлен во реката Вардар легендарниот војвода КАРПОШ, наречен “Селски крал“, водач на востанието на Кратовските рудари.

1836-37 година - Во Скопје е отворено првото јавно Словенско училиште. Најголем придонес за тоа има Јордан Хаџи-Константинов - Џинот .

12 октомври 1912 година - После 5 века владеење, од Скопје се протерани Османлиите.Скопје
потпаѓа под српска окупација .

Прва Светска Војна - Скопје е под Бугарско - АвстроУнгарска окупација .

По завршувањето на Првата Светска Војна , во 1918 година Скопје станува дел од Првата
Југославија , управувана од диктатурата на српскиот крал .

Втора Светска Војна - Скопје окупирано од Бугарската фашистичка држава.

13 Ноември 1944 година - Скопје е ослободено од Македонската Ослободителна Војска и од
тогаш започнува 53 годишното владеење на Југословенската комунистичка администрација .

1962 година - Голема поплава на реката Вардар во Скопје .

26 Јули 1963 година - Смртоносен Земјотрес го зафаќа Скопје. Илјадници погинати и повредени. Градот е целосно разрушен .

8 Септември 1991 година - Скопје станува главен град на новата независна држава - МАКЕДОНИЈА .

 

** Голема Благодарност до Д-р Натали Димовска која со мене ги сподели овие историски факти **