Проф. д-р Димитар Железаров

_________________________________________

Професорот Железаров е основател на Стоматолошката Протетика во Македонија . Тој е првиот Стоматолог во
Македонија кој напишал книга по Протетика на Македонски јазик . Токму таа книга е цел на овој интернет проект .

Бесмртноста на неговото име се крие во трите книги кои ги има напишано за Протетиката :

-“Морфологија на заби“
-“Коронки и мостови“
-“Мобилна Протетика“

Во неговата богата биографија како врвен протетичар и научник е запишано :

- 1947 - Еден е од основателите и професорите во првото Македонско државно училиште за забари и забни техничари

- 1959 - Еден е од основателите на Стоматолошкиот отсек при Медицинскиот факултет

- 1959 - Управител на Институтот за Стоматолошка Протетика .Член на стоматолошкиот одбор во наставно-научниот одбор на Медицинскиот факултет .

- 1965 - Еден е од основателите на Стоматолошкиот Клинички Центар во Скопје

- 1977 - Еден е од основателите на Стоматолошкиот факултет во Скопје .