глава 1

Анатомија
_____________________________________________

2. Анатомија на усната празнина

Зад усните и под образите се наоѓа усната празнина = cavum oris . Кавум орис е поделен од забните редови на два дела : 1) надворешен дел , што се наоѓа меѓу забите од една страна и образите со усните , тоа е преддворје на усната празнина - vestibulum oris и -- - 2) вистинската (внатрешна) дупка на усната празнина , внатре зад забите , каде што во мирна затворена уста лежи јазикот = cavum oris proprium .
____Ако при мирно затворенауста ги рашириме само усните и погледнеме во вестибулум орис , прво што ќе видиме се забите = dentes ( заб = dens , оттука забар = dentist ) .( Види сл.2 ) .

Забите се наредени во израстоци од вилиците = processus alveolaris . Горната вилица = maxilla , долната вилица = mandibula .
------ Целата усна празнина е обложена со лигавица , која околу забите е потврда , побледа , подебела и неподвижна , а се вика gingiva propria , додека во другите делови е потенка , помека , поцрвена , и подвижна , а се вика mucosa oris .
Ивицата на гингивата околу забите се вика margo gingivae . Ивицата на гингивата има меѓу забите мали испупченија што се викаат papillae interdentales . = ( меѓузабни папки ) . Гингива проприа во вестибулумот е 8-10 mm широка и нејзината граница спрема мукоза орис оди брановите-паралелно со марго гингиве . (Види сл.2) Највисоките места на вестибулум орис , каде што мукоза орис преминува од максилата кон образите и усните се вика fornix vestibuli , а најдлабоките места на вестибулумот ги викаме fundus vestibuli . Во форниксот и фундусот лигавицата прави повеќе фалти или набори , што се викаат plicae , од кои горната фалта во средината на лицето под усната се вика frenulum labii superioris , а таа под долната усна се вика frenulum labii inferioris . Другите фалти од страните во вестибулумот ги викаме plicae gingivobucales . Нормално имаме осум вакви фалти по две на секоја страна горе и долу , од нив едната стои понапред , другата поназад . Наименованијата на наборите на лигавицата , спрема местото каде се наоѓаат : горни = superius , долни = inferius , предни = anterius и задни = posterius , десен = dexter , лев = sinister . На пример : gingivobuccalis superior anterior dextra . Значи : предниот горни набор на лигавицата под десниот образ . Во вестибулумот на долната вилица кај врвовите од корењата на четвртиот и петтиот заб се наоѓа еден отвор во коската на долната вилица што се вика foramen mentale = (отвор на брадата) , кој е важен , макар што тој нормално не се гледа , бидејќи е покриен од лигавицата .

Анатомија на cavum oris proprium - горни дел
Анатомија на cavum oris proprium - долни дел

<<предходна страница << - >>следна страница >>